Британската влада одби да објави извештај за наводното мешање на Русија во изборите во земјата, со образложение дека на владата ѝ треба повеќе време за да го разгледа документот.
Извештајот на Комитетот за разузнавачки и безбедносни прашања беше испратен до премиерот Борис Џонсон на 17 октомври, но за да биде објавен, потребно е одобрување од владата. Доколку извештајот не биде објавен до денеска претпладне, кога ќе се распушти Парламентот, нема да биде достапен за јавноста пред изборите во декември.
Пратениците од повеќе партии, вклучително и конзервативците на Џонсон, ја повикаа владата да го објави извештајот за време на дебатата во Долниот дом, но Кристофер Пинчер од Министерството за надворешни работи рече дека не е невообичаено да потрае разгледувањето на такви извештаи.
Брегзит е предолга приказна што треба да заврши
Велика Британија ќе ја напушти Европската унија до 31 јануари следната година. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во изјава за Би-би-си вели дека верува оти брегзит ќе се случи на крајот на последното продолжување на излегувањето на Велика Британија од Унијата.
Тој смета дека брегзит е предолга приказна што треба да заврши и посетува на фактот дека слични преговори со Канада „траеја со години“.