Бугарскиот премиер Бојко Борисов утрово ја достави оставката пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министри, пренесуваат бугарските медиуми.
– Писмото на премиерот Борисов, со кое тој поднесе оставка од кабинетот, денес беше доставено до претседателот на Националното собрание преку канцелариите на двете институции – објави владината прес-служба.
Како што се додава, во согласност со Уставот, Владата предводена од премиерот Борисов ќе продолжи да ги извршува своите функции до изборот на нов Совет на министри и ќе постигне континуитет во управувањето.
Третиот кабинет на Борисов стапи на должност на 4 мај 2017 година. Тоа беше прв мандат што лидерот на ГЕРБ го заврши како премиер, откако тој беше принуден да поднесе оставка во претходните два пред нивното истекување.