Руското Министерство за здравство ја утврди максималната цена на вакцината против коронавирусот „Спутник V“ на 1.942 рубли за две дози или 21,5 евра, изјави Алексеј Кузнецов, помошник министер за здравство.
– Министерството за здравство на Русија ја регистрираше максималната цена на вакцината за спречување на коронавирусот „Спутник в“, што е развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија ‘Гамалеј’. Тоа е 1.942 рубли за две дози – изјави тој.
Кузнецов додаде дека цената на кутијата со пет комплети од две дози е утврдена на 9.710 рубли или околу 108 евра.
– Вакцинацијата на руските граѓани ќе биде бесплатна и апсолутно доброволна – истакна тој.
Руската влада претходно ја додаде вакцината на списокот на витални и основни лекови.