За оздравувањето на старецот од коронавирус, за кого се верува дека има над 100 години, лекарите сметаат дека е неверојатно, пренесува Би-би-си.
Семејството на монахот Тилахун Волдмајкл тврди дека тој има 114 години, што значи дека е најстариот човек во светот, кога би имал официјален документ со кој би го потврдил тоа.
Лекарите велат дека најранливата група луѓе се оние постари од 80 години, а овој атогодишник, монах на етиописката православна црква, е отпуштен од болница по помалку од три недели.
– Додека бев во болница се молев на Бога за здравје. Плачев и се молев целата земја повторно да биде здрава – рекол монахот за Би-би-си.
Тилахун дознал дека е позитивен на коронавирус во спорадично тестирање спроведено во неговото соседство во Адис Абеба и бил примен во болницата пред да се појават симптоми на болеста, што му даде можност на лекарскиот тим внимателно да го следи од самиот почеток.
Штом се појавија симптомите, тој доби кислород, антибиотик и дексаметазон, ефтин и широко достапен стероид за кој англиските истражувачи велат дека го намалиле бројот на смртни случаи на сериозно болни пациенти за една третина.
Болницата не може да потврди дали старецот е навистина 114 години, но според мислењето на лекарскиот тим, извесно е дека е постар од 100 години. Лекарите процениле дека тој имал 109 години.
Сега дома за него се грижи неговиот внук, кој изјавил дека неговиот дедо се чувствува и изгледа добро и покрај неговата возраст, и дека неговиот глас само ослабел малку после болеста.
Во Етиопија досега се потврдени 5.570 случаи, а 94 лица починале како резултат на инфекција со вирусот.