Кон крајот на април ќе започнат клиничките испитувања на вакцината против коронавирус од кој во Кина починаа повеќе од 2.000 лица, соопшти кинескиот потпретседател за наука и технологија, Ксу Нанпинг.
        
Надлежните предупредуваат дека компаниите кои продолжиле со работа, поради масовното ширење на вирусот, треба да обезбедат соодветна вентилација и да одржуваат безбедно растојание меѓу работниците, пренесува Ројтерс.