Изборите ќе бидат распишани на 12 февруари в година, по последниот работен ден на пратениците од актуелниот состав, најави претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната средба со новинарите.
Тој додаде дека нема да има промена на Изборниот модел, поради отстуство на волја кај партиите.
Џафери посочи оти ратификацијата на протоколот за членство во НАТО ќе го почека следниот состав на парламентот.