Најмладиот пациент заболен од коронавирус во земјава е двегодишно дете од Скопје, потврди министерот за здравство Венко Филипче по вчерашниот објавен извештај на Институтот за јавно здравје во кој пишуваше дека најмладиот пациент има две години, а најстариот 91 година.
Министерот за здравство рече дека позитивни на коронавирусот се и неговите родители, но оти сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување.
– Ова семејство било заболено како резултат на локална трансмисија – рече Филипче.
Во однос на тоа со кои други приватни установи ќе биде склучен договор со Фондот за здравство за тестирање за коронавирусот, министерот рече дека денеска раководителката на лабараторијата при ИЈЗ воспоставила контакт со сите лабаратории што прават тестирање и имаат соодветна опрема и механизам за изработка.
– Откако ќе се утврди дека со соодветна начин на технологија се изработуваат тестовите односно дека се резултатите валидни, со цел да се зголеми капацитетот за теститирање ќе се склучат договори со сите со кои ќе се утврди дека е согласно сите протоколи на работа – рече Филипче.