Денеска, во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на Групата за процена во ЦУК.
Со седницата на Групата за процена раководеше, в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов, а учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи.
Согласно дневниот ред беше оформен предлог до Управачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата да достави предлог до Собранието за продолжување на прогласената кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на потоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест ковид-19 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, a можниот датум треба да биде деновите потврден.
Истовремено, институциите во Системот за управување со кризи продолжуваат со активностите согласно Акцискиот план за превенција и справување со ширењето на заразната болест, а согласно планот за координирано дејствување, донесен на Втората седница на Главниот Штаб за управување со кризи.