Регионалните здравствени власти во Бразил ја обвинија владата на Жаир Болсонаро дека го крие точниот број на починати од коронавирус.
Бразил ги отстрани податоците за бројот на заболени и починати од коронавирус од владиниот сајт, по што беше критикуван за начинот на кој претседателот Болсонаро се носи со епидемијата.
Министерството еден ден претходно престана да објавува вкупен број на жртвите од коронавирус во Бразил и го дава само бројот на починати во изминатите 24 часа, наведува Би-би-си.
– Авторитарниот, безчувствителен и нечовечен обид за скривање на починатите од ковид-19, што е спротивно на етиката, нема да успее – истакна Националното собрание на Министерството за здравство, по објавата на сомневање во службените податоци.
Бразил е на второто место во светот според бројот на заболени од коронавирус, а неодамна има и најмногу починати во еден ден од сите останати нации.
Регистрирани се над 670.000 заболени, а се претпоставува дека тој број е многу поголем поради недоволно тестирања. Бразил е на третото место во светот по бројот на жртвите од ковид-19 со над 35.000 починати.