Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави петтата Листа на должници за долгови доспеани до 31.01.2019 и неплатени до 30.04.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжителни социјално осигурување, акцизи и царини.
Проверете дали се наоѓате на листата ТУКА.
Вкупно објавениот нето долг изнесува 8.700.077.184 денари, што е за 817.171.580 денари помалку од претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 8.569.230.137 денари, што е за 807.747.529 денари помалку од претходната листа, додека долгот за царински давачки е 130.847.047 денари, што е за 9.424.051 денари помалку од претходниот месец.
На оваа Листа на должници се најдоа 1.934 правни лица како должници, што е за 75 повеќе од претходниот месец и 2.409 физички лица, што е за 183 повеќе од претходната листа.
Физичките лица и самостојни вршители на дејност што се наоѓаат во оваа листа имаат долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица тој надминува 300.000 денари.