Трговскиот дефицит на САД повторно се зголеми во октомври и достигна највисоко ниво во последните 10 години.
Дефицитот во промет на стоки и услуги изнесуваше 55,5 милијарди долари, додека извозот опадна за 0,1 отсто на 211 милијарди долари, додека увозот се зголеми за 0,2 отсто на 266,5 милијарди долари, соопшти Секретаријатот за трговија.
Дефицитот е поголем од очекувањата на аналитичарите, кои го проценија на 54,7 милијарди долари. Дефицитот во трговијата со стока се зголеми за 9,8 отсто во однос на септември.
Секретаријатот за трговија наведе дека поради сезонските варијации, дефицитот со Кина е и рекорд на сите времиња.