„Еуроимпекс“ ќе земе учество на „Авто Плус Стрит Шоу“ во Скопје, со двата брендови „Automobiles Peugeot“ и „Toyo Tires“.
Брендовите ќе бидат изложени на две локации на булелевар „Илинден“ (фонтана) утре (сабота) од 10 до 22 часот.
Брендот „Пежо“ ќе ги понуди своите најсовремени и најмодерни технолошки достигнувања: Новиот „пежо 508“, најнаградуваниот СУВ модел „пежо 3008“, неодоливиот „пежо 308“ и градскиот шармер „пежо 108“. А како возило кое ќе биде достапно за тест возење на самиот настан е СУВ „пежо 2008“.
Брендот „Toyo Tires“ ќе биде поставен со целата своја палета на летни гуми.
Сите потенцијални купувачи ќе имаат можност одблиску да ги погледнат производите и да се запознаат со тековните акции и понуди кои ги нудат двата брендови.