Финската компанија ХМД, која е правен наследник на Нокиа, ќе инвестира 100 милиони долари во развојни проекти.
Средствата биле обезбедени од инвестициската компанија Ди-Ем-Џи Азија и тајвански Фокскон. Главна цел на компанијата е да ја зголеми продажбата на мобилни телефони под брендот Нокиа.
ХМД продаде 70 милиони Нокиа елефони во 2017 година, и имаше промет од 1,8 милијарди евра.