Министерството за труд и социјална политика потестува на законската обврска за компаниите, посочувајќи дека треба да им исплатат празнична дневница на оние што ќе работат за 1 Мај.
– Работниците кои работат на ден на празник определен со закон, согласно Законот за работните односи, имаат право на надоместок на плата и додаток на плата. Согласно Законот, работодавачот е должен за работа на државен празник претходно писмено да го извести подрачниот државен инспекторат за труд – велат од МТСП.
Секое прекршување на регулативата, работниците можат да го пријават во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31 или на адреса на е-пошта [email protected]