По речиси 40 дена пауза, по појавата на пандемијата со ковид 19, денеска германската компанија „Кромберг и Шуберт“ во Битола, која работи во рамките на индустрската зона „Жабени“ повторно почна со производство.
Производството во „Кромберг и Шуберт“ ќе се одвива постепено и според потребите на автомбилските компании за кои работи оваа германска фирма, која вработува над 6.000 работници.
Денеска на работа се вратија околу илјада вработени, кои од раните утрински часови беа превезувани со автобусите, согласно сите безбедносни протоколи.
Пред влегувањето во автобусите на сите вработени покрај тоа што им беше мерена температура им беа давани и заштитни маски, но сите тие мораа претходно да ги исчистат обувките и измијат рацете со дезинфекциони раствори.
Процесот на работа во „Кромберг и Шуберт “ повторно стартуваше откако стигнаа првите нарачки за погоните на „Мерцедес“ во Германија и Шпанија. Инаку, оваа компанијата произведува кабелски снопови за автомобилската индустрија на „Мерцедес“, „Ауди“, „Шкода“, „БМВ“, „Порше“ и други.
Останатите работници ќе бидат враќани на работа во наредните денови постепено. Повторното работење во „Кромберг и Шуберт “ во голема мера ги
израдува сите вработени во компанијата, кои беа пуштени на одмор. М.М.