Сава пензиско друштво е првото пензиско друштво во државата кое изработи мобилна апликација Сава Пензиско План преку која им овозможи на своите членови да имаат навремен и целосен увид во својата пензиска заштеда, во секое време преку својот мобилен телефон. По тој повод разговараме со д-р Петар Талески, член на Управен одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.
Напредокот на технологијата во изминатите неколку децении го измени начинот на живеење на секој поединец. Дел од работи кои што ни се случуваат денес не беа предвидени дури ниту во научно-фантастичните филмови. Дали денешниот начин на комуникација и размената на информации ги надминаа сите очекувања?
– Технолошкиот напредок денес е толку брз што понекогаш е тешко да се следат сите иновации кои ни се случуваат. Се сеќавам на филмот од 1989 година „Враќањето во иднината“ во кој на еден начин беше најавено она што ни се случува денес. Токму во овој филм има сцена во која се појавува телефонски разговор на голем ТВ приемник. Во суштина тоа личи на денешната размена на податоци за видео и говор како Зум, Фејстајм или Вибер-видеоповикот.
Меѓутоа ниту во овој филм ниту во останатите научно-фантастични филмови подоцна не се предвиде минијатурноста која постои денес со паметните мобилни телефони во поглед на комуникацијата и размената на податоци. Мислам дека појавата на денешните паметни мобилни телефони, не беше нешто што се предвиде ниту во литературните дела.
Визијата во сите научно фантастични филмови, романи, била за нешто големо кое постои на екран, но не за нешто малечко како денешните мобилни телефони. Во суштина лесната употреба и прилагодливост на мобилните телефони досега ги направи едни од пионерите и веројатно ќе ги направи носители на дигитализацијата во иднина.
Дигитализацијата е во центарот на вниманието на многу компании. Без разлика за каква компанија станува збор доколку не се унапредат процесите е многу тешко да се остане конкурентен на пазарот. Колку Сава пензиско друштво вложува во дигитализација на
своето работење?
Може да се каже дека дигитализацијата е процес кој води во една и единствена насока-кон иднината. Интернетот, мобилната технологија и денешното „мрежно општество“ ги преобликуваат нашите приватни животи, исто онака како што го трансформираат индустриите и пазарите. Дигитализацијата на производите, услугите и процесите повеќе не е прашање на избор туку таа претставува неопходен процес, без разлика на големината на компанија и секторот во кој работи. Воведувањето на иновативни и дигитални решенија е основен предуслов за раст и развој на секоја компанија.
Ние како Друштво сме отворени кон новите технологии и будно ги следиме иновациите кои ги носи информациската технологија. Дигитализацијата за нас претставува начин да ги подобриме услугите за нашите членови. Токму затоа сме прво пензиско друштво кое воведе мобилна апликација Сава Пензиско План, која им овозможува на нашите членови да имаат постојан и брз увид во својата пензиска заштеда во услови на динамично темпо на живот кое создава потреба кај членовите на пензиските фондови за брз и автоматизиран пристап кон информации. Покрај тоа постојано вложуваме и во модернизација на нашите интерни операции со цел да ја автоматизираме и подобриме интеракцијата со нашите деловни соработници.
За нашето пензиско друштво модерните технолошки и дигитални решенија не претставуваат потешкотија, туку предизвик. Со леснотија се прилагодуваме на сите нови дигитални алатки бидејќи во нашиот тим работат млади луѓе кои се секогаш спремни навремено да не информираат за новите иновации и да ни предложат начини како истите да ги имплементираме во корист на нашиот процес на работа. Во Сава пензиско друштво, веќе од поодамна се користат софистицирани алатки за поедноставување на процесот на склучување на договори и соработка со нашите деловни соработници, и истите се креирани благодарение на проактивните размислувања и иновативноста на вработените во друштвото и агентите од деловните соработници кои се дел од нашиот поширок тим.
Кои се функционалностите на мобилната апликација Сава Пензиско План и што таа им нуди на членовите на пензиски фондови?
Мобилната апликација Сава Пензиско План им нуди на нашите членови брз и транспарентен увид во нивната пензиска заштеда. Секој член во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус преку своето корисничко име и лозинка може да се најави на мобилната апликација и да ја дознае состојбата на својата пензиска заштеда. Членовите ги добиваат корисничкото име и лозинка во годишниот извештај кој им се доставува во зелен плик на нивната домашна адреса или електронската адреса.
Преку најава на мобилната апликација на нашите членови им се достапни сите информации поврзани со пензиската заштеда. Тие имаат увид во состојбата на пензиската сметка, може да генерираат детален извештај, да ги ажурираат личните податоци и да го променат начин на известување. Членовите, исто така редовно ќе добиваат известувања секогаш кога ќе им биде уплатен придонес.
Во иднина планираме податоците со кои располагаме да бидат насочени кон развој на микро-едукативни кампањи. Нашата цел е преку социјалните медиуми за да им помогнеме на членовите, организаторите на професионални пензиски шеми и другите засегнати страни да ја разберат вистинската вредност на капитално финансираното пензиско осигурување.
Во едукативните кампањи гледаме можност да ја унапредиме финансиската писменост на вработените во јавниот и приватниот сектор. Сметаме дека е од клучна важност граѓаните да ги знаат нивните права во рамките на вториот столб и на третиот столб и да се свесни за личните придобивки од вложувањата во капитално финансираното пензиско осигурување.
Единствен начин да работиме и да останеме во комуникација во оваа криза е преку дигиталните алатки кои ни стојат на располагање. Дали сметате дека оваа криза ќе го забрза процесот на дигитализација на компаниите и како вие како Друштво во оваа криза комуницирате со вашите членови и соработници?
– „Дигитална трансформација“ е значаен термин во деловните кругови со години, бидејќи компаниите се обидуваат да се прилагодат на новите технологии за да ги подобрат услугите за своите клиенти и да останат компетитивни на пазарот. Излезе дека за катализирање на брзото учење и совладување на дигитализацијата значајна ќе биде глобална пандемија која едноставно наметнува присилна промена.
Појавата на новиот вирус Ковид-19 дефинитивно го промени начинот на работа на компаниите, потпирајќи се најмногу на технологијата. Во овој период сите и компаниите и клиентите градат навики и начин на комуникација кои ќе останат дел од работниот процес и после кризата. Дополнително и самите компании го користат овој период за што подобро да ги пласираат и промовираат своите дигитални алатки. Дефинитивно после оваа криза дополнително ќе се забрза дигитализација во секој сегмент од работењето.
Како Сава пензиско друштво ја координира својата работа за време на глобалната пандемија и како таа влијае на Вашиот работен процес?
Благодарение на веќе воспоставените дигитални системи за соработка и комуникација, ние како Друштво веднаш се организиравме и прилагодиме на новите услови, а со тоа овозможиме сите деловни операции и комуникација да се одвиваат непречено и во Друштвото и со нашите деловни соработници.
Со членовите комуницираме преку повеќе дигитални канали кои ги користевме и пред кризата. Комуникацијата и информирањето се одвива преку мобилната апликација, социјалните мрежи, електронската адреса и веб-страницата. Тие имаат избор и може да не контактираат на повеќе начини.
Дали дигитализацијата подразбира само воведување на нови технологии во работењето или е многу повеќе од тоа ?
Дигитализација претставува многу повеќе од замена на еден процес со друг нов побрз и поедноставен. Таа е нов и флексибилен начин да се одговори на потребите на клиентите и да се подобри квалитетот на услугата. Компаниите секојдневно се соочуваат со предизвиците на дигиталната трансформација и со потребата да се користат дигитални технологии. Дигиталната трансформација на еден бизнис не треба да се сфати како закана и трошок, туку како можност за промена, раст и успех. Кога зборуваме за дигитална трансформација не зборуваме само за надградба на технологијата, туку за еден нов начин на размислување кој е отворен кон промените кои ги носи иднината. За целосна трансформација потребно да изградиме доверба во новите технологии и иновации и тие да станат наше секојдневие. Тоа претставува континуирана активност и подразбира лидерството, стратегија и иновативен начин на размислување.
Постои име на една музичка група која се вика „Rage against the machine“, што во превод значи „Бес кон машината“. Името на музичката група се базира на терминот кој се користел во минатото од времето на индустриската револуција кога луѓето кои останале без работа заради индустријализацијата го изразиле својот бес кон машините, кршејќи ги машините заради тоа што сметале дека тие се виновни за нивната состојба на губењето на работата. Сепак, историски се покажало дека машините донеле многу повеќе работа за сите во иднина.
Сега, во овие модерни времиња кога нивото на знаење е поголемо, постоењето на т.н. бес насочен кон технологијата е тешко да се каже дека постои, но тешко може да се оствари дигитализација без формирање на „култура за дигитализирање“. Тоа е процес кој треба да започне со проекти кои ќе бидат „светилници“ кон остварување на успехот за создавање и надградба на таквата култура за воспоставување на дигитализација.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229.