Претседателот на Нотарската комора Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор на Нотарската комора Сашо Ѓурчиноски денеска остварија средба со францускиот
амбасадор Кристијан Тимоние, во француската амбасада во Скопје.
Делегацијата на Нотарската комора го информираше францускиот амбасадор за одржувањето на 115-от Конгрес на нотарите во Франција, што се одржа во Брисел, Белгија, од 2 до 5 јуни. На конресот, на покана на претседателот на Нотарската комора на Франција, Марк Канијар присуствуваше делегација на Нотарската комора на Република Северна Македонија составена од претседателот Кузманоски и членот на Управниот одбор Анита Адамческа.
Исто така, претседателот на Нотарската комора Кузманоски најави дека ќе присуствува на Генералното собрание на Советот на нотаријати во Европска унија (ЦНУЕ), од 20 до 21 јуни во Св. Мало, Франција, каде што Нотарската комора на Република Македонија е официјално членка-набљудувач. Советот на нотаријати во Европска унија (ЦНУЕ) е официјално тело кое ја претставува нотарската професија во односите со Европските институции и ги изразува заедничките одлуки на своите членови во институциите на Европската унија.
На крајот од средбата беше разговарано за придонесот на нотаријатот во зајакнување на правната сигурност и вкупниот општестевен и економски развој на државата и македонското законодавство, како и за огромниот придонес за подобрување на билетаралните односи со нотаријатите на земјите-членки на Европската унија, за доближување и прилагодување кон европските правила и прописи и давање иницијативи за подобрување и моделирање на областите на правдата, слободата и безбедноста на граѓаните и правото на Европската унија.