Грчкиот парламент изгласа денеска продажба на електроцентрали од Националната електро-компанија и покрај протестите на вработените, кои ја оквалификуваа продажбата како „национален криминал“.
Мнозинство пратеници го одобрија законот со кој државната компанија за снабдување со електрична енергија може да почне да ги продава електроцентралите од идниот месец.
Приватизацијата на електроцентралите е меѓу барањата на меѓународните кредитори на Грција.