Фото: Илустрација/Aрхива

На полноќ бензините и дизелот поскапуваат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,824 денар и сега ќе изнесува 37,843 денари за килограм.

На 7 август од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 72 (денари/литар)

Моторен бензин еуросупер БС -98 74 (денари/литар)

Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 63,5 (денари/литар)

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 37,843 (денари/килограм)