Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 % во однос на Одлуката од 3 август.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се намалуваат за еден денар за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,105 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,876 денари за килограм.
Од 10 август од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 62,5 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,876 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 2,646%, дизелот за 3,041%, екстра лесното масло за 2,917 % и кај мазутот намалувањето е за 3,215 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,548 %.