Шпаркасе банка со големо задоволство најавува eден посебен и важен заеднички ЦСР проект со „СОС Детско село“ овозможен и поддржан од апликацијата „Челинџер“
Вработените во Шпаркасе Банка во период од 5 октомври до 31 ноември со секој километар поминат во пешачење, возење велосипед, планинарење, ќе овозможат да се собере поставената цел за донација кон „СОС Детско село“ во износ од 300.000 денари. Преку повикот за остварување на заеднички импакт од сите вработени, Шпаркасе Банка не само што ќе ја реализира донацијата кон „СОС Детско село“, туку и ќе ги поттикне и мотивира своите вработени за поголема физичка активност и мерење на изминати еко-километри во секојдневното движење.
Преку овој проект Шпаркасе Банка ги повикува вработените да практикуваат поздрави навики при доаѓање/заминување од работното место со пешачење или возење на велосипеди, како и поголема физичка активност во слободното време.
– Брзиот начин на живот во време на светска пандемија како резултат на коронавирусот
ковид-19, не научија колку е важно да се грижиме за нашето здравје, а воедно и да
допринесеме за поздрава животна средина и преку вакви активности да обезбедуваме
средства за поддршка на децата без родители и родителска грижа поддржени од „СОС
Детско село“ – истакнуваат од Шпаркасе банка.
Оваа хумана еко акција за вработени од Шпаркасе банка е овозможена преку апликацијата на „Челинџер“ (Challenger) која е дизајнирана да ги мери зелените километри на вработените во Шпаркасе банка и заштедата на емисии на јаглерод диоксид во воздухот.