Во ноември продадени 4,9 отсто повеќе нови автомобили во ЕУ
Продажбата на нови автомобили во Европската Унија (ЕУ) во ноември пораснала за 4,9 отсто, но во периодот од јануари до ноември паднала за 0,3 отсто, покажуваат резултатите на Европското здружение на производители на автомобили (АЦЕА). Минатиот месец во ЕУ се регистрирани милион и 176 илјади нови автомобили, објави АЦЕА во месечниот билтен.
Резултатот од ноември беше трет годинашен пораст на месечно ниво, но во голема мера тоа е резултат на ниската споредбена база во истиот месец лани, кога пазарот падна за осум отсто, соопшти АЦЕА.
„Тојота“ воведува автономна технологија во комерцијалните возила
Јапонскиот производител на автомобили „Тојота мотор“ најпрво планира да ја воведе напредната автономна технологија во комерцијалните возила, а потоа во автомобилите за лична употреба, најавуваат од компанијата.
– Ќе биде полесно да се примени автономната технологија, која не бара постојан и директен надзор на луѓето над такси-возилата и возилата што ги развива „Тојота“ – изјави Џејмс Кафнер, шеф на развојниот центар на „Тојота“.