Рама од Пешкопеја најави почеток на изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“
Албанскикот премиер Еди Рама, од пограничниот град Пешкопеја, најави почеток на изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“(Патот на Арбр“).
– Руга е Арбрит нема да биде илузија туку реалност. Овој автопат е национално прашање, прашање на корекција на историската неправда за луѓето изолирани со децении, правда што како задача ја има албанската држава. Руга е Арбрит ќе го оживее целото подрачје – вети Рама пред насобраните граѓани, не посочувајќи одреден датум за тоа.
За доцнењето со реализаиција на проектот, Рама ја обвини претходната влада, која потишала проект со кинеска компанија и истиот го нарече „авантура со кинеска компанија и демократите“.
Првичниот проект предвидувал инвестиција од над 300 милиони евра, но со залагање на неговата влада тој договор е анулиран и сега потпишаниот предвидува инвестиција од 250 милиони евра.
Со изградбата на автопатот кој се поврзува со Македонија кај преминот „Блато“ на албанско-македонската граница кај Дебар, оддалеченоста до Тирана се намалува за цели 100 километри и ќе изнесува 82 километри.
Пратеничката од оваа изборна единица Реме Лала, од говорницата соопшти дека од денеска се приклучува кон пратеничката група на Социјалистичката партија идентично како и нејзината сопартијка од Елбасан, кои до сега беа пратенички од Партијата за правда и единство, односно партијата на Чамите.
На средбата одржана под мотото „ Руга е Арбрит,одржано ветување“ присуствувале и граѓани од Дебар.
Инаку, и во Пешкопеја, Рама беше пречекан со протест,поради што морала да интервенира полицијата,па средбата со граѓаните почна подоцна од предвиденото. Со протести беше пречекан и при посетата во Елбасан, Церик, Балш, Фиер и Љушња.