Фото: Макфакс

Почитување на законот за застарување на долговите, изготвување правилник, но и кривична постапка за извршителите кои не ја исполнуваат законската обврска, побараа собраните на денешниот протест „Стоп за извршителите“ пред Министерството за правда.

Демонстрантите носеа транспаренти со натписи „Ропството не е завршено, само обликот е друг“.

Активистката Ана Глигорова изјави дека живееме во должничко ропство каде што сметките од илјада денари стануваат 100.000 денари.

– Собрани сме по повод донесениот закон од Собранието во јуни за застарување на долгови и за висината на каматната стапка. Донесен е закон според којшто може ретроактивно да важи застарувањето. Извршителите не го почитуваат и тврдат дека им е потребен образец од Министерството за правда за да можат да се поведат по закон – рече Глигорова.

Таа нагласи дека се работи за нешто што е протвуставно и ја поткопува самата држава, а кривични дела прават не само извршителите тукку и нивните надредени.

– Бараме од министерот за правда да им даде обрзец, формулар според кој би постапувале и би го решиле проблемот – рече таа.

Демонстрантите побараа и министерот да обезбеди почитување на законот, да го повика претседателот на Стопанската комора на извршителите и да побара извештај зошто не се поитува. Понатаму, да се изготви правилник, како ќе се применува членот 368 од законот за Облигациони односи. Ако не се почитуваат одредбите од законот, да се побара дисциплинска, прекршочна и кривична постапка од извршителите.

– Ова е самоволие на извршителите. Се крши законот од страна на институциите, државата, а тоа е поткопување на државниот поредок – истакнаа говорниците.

Маријан Ристоски од Конфедерацијата на сидикатите ја опиша ситуацијата како апсурдна.

– Пратениците од мнозинството го предложија законот, изгласан е, потпишан од претстедателот, објавен во службен весник и некој сега сака да прави будала од граѓаните. Не сакам да верувам дека ова е некоја игра, па да кажат ние предложивме закон, но Уставниот суд ако го прекина, не го почитува, ние не сме моќни ништо. Тогаш направиле дупли грев – рече тој и ги повика пратениците да излезат и да кажат што изгласале.

Говорниците ја критикуваа и адвокатката комора дека е за оспорување на овој закон, па прашаа „чии слуги се тие“.

Организаторите на протестот најавија дека нема да прекинат да си ги бараат правата. Како следни чекори од протестите најавија блокирање на институции, крстосници, а тврдат дека за протестот има голем интерес и во другите градови од државата.