фото: Пeксeлс

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од годинава е зголемено за  4,3 проценти во споредба со првото тримесечје од 2021 година, додека продажбата на шумски сортименти изнесува 20.795 кубни метри и бележи зголемување за 18,8 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од иглолисни видови.

Намалување на шумското производство, пак, е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни видови.