Фото: Влада

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска во Брисел учествуваше на билатералниот скрининг состанок од Кластер 2, „Внатрешен пазар“ од Поглавје 9 „Финансиски услуги“, при што порача дела државава оваа година ќе се потруди максимално да ги исполни препораките од Извештајот на Европската комисија.

Според Извештајот, Македонија е умерено подготвена земја со постигнат одреден напредок во текот на минатата година во областа на финансиските услуги и е во напредна позиција во однос на супервизорската и регулаторната рамка за кредитните институции. Од друга страна, заостанува во усогласувањето во делот на осигурувањето и пазарите на капитал. Извештајот констатира и добар напредок во имплементацијата на стандардите за ликвидност од Базел 3 и презема одредени активности за да спречи нефер банкарски практики и да спроведе подобра и поефикасна заштита на потрошувачите.

-Ќе донесеме закон за решавање (резолуција) на банки и имплементација на законодавството и подзаконските акти и врз основа на тоа да го завршиме назначувањето на регулаторно тело за банките, правилно справување и спречување на нерегистрираните и неосигурените возила и ќе продолжиме да се занимаваме со заштитата на потрошувачите заедно со формирањето на финансиски Народен правобранител. Ќе ги катализираме напорите нагласени во извештајот во делот за развивање на одредбите за резолуција на банките во согласност со рамката на ЕУ, со посебен акцент на Директивата за спојување и решавање на банките – рече Битиќи, кој е главен координатор на Кластер 2, во кое спаѓа Поглавјето 9 – „Финансиски услуги“.

Најавил и дека Законот за осигурување на депозити ќе биде изменет за да се подобри осигурувањето на депозитите и да се имплементираат забелешките на Уставниот суд во неговата одлука од јули 2021 година. Нашата централна банка, посочил, веќе посвети дел на нејзината веб-страница на правата на потрошувачите заедно со правилното споделување информации за да се избегнат нефер банкарски практики.

 

Вицепремиерот ветил дека земјата ќе вложи многу повеќе напори за измена на Законот и зајакнување на осигурувањето на сите моторни возила во државата, заедно со поставување систем каде ќе се чуваат сите потребни податоци за осигурените возила, со што ќе го спречиме возењето на неосигурени возила. – Финансиските пазари ќе се развиваат како што беше предвидено во стратегијата од февруари 2022 година, каде очекуваме проширување на понудата на долгорочни хартии од вредност со зголемена побарувачка, додека измената на Законот за инвестициски фондови во јули 2021 година и другите имплементирачки закони за инвестициски фондови и хартии од вредност, се однесуваат на дел од неопходното усогласување со правото на ЕУ – рекол Битиќи, пренсеува неговиот Кабинет.Работната група за ова поглавје ја предводи заменичката на главниот преговарач со Европската Унија, Дрита Абдиу-Халили и ја сочинуваат претставници од Секретаријатот за европски прашања, Министерството за финансии, Народна банка на Македонија, Комисија за хартии од вредност, Централен регистар, Агенцијата за супервизија на осигурување, Управа за финансиско разузнавање, Министерство за внатрешни работи, Финансиска полиција и Државна комисија за спречување на корупцијата.Билатералниот скрининг продолжува на 1-ви март за кога е закажан состанокот за Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“.Вицепремиерот Битиќи и неговиот Кабинет, како што е предвидено во нашата преговарачка структура, се назначени за координатори на целиот Кластер 2, покрај координацијата на Секретаријатот за европски прашања како институција назначена за координација на национално ниво.