Фото: „Нова Македонија“

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска информира дека системите е-ПДД , е-Даночни услуги и  МојДДВ се во функција.

– Активностите околу надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги што УЈП ги започна вчера по 16:30 часот, успешно се завршени и даночните обврзници може да продолжат со користење на услугите преку овие системи кои ги нуди Управата за јавни приходи. Благодарност до сите граѓани и даночни обврзници за разбирањето – се наведува во соопштението од УЈП.