Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки.
-Прилагодената верзија на МојДДВ е веќе достапна на Ејпл ап стор, додека Андроид-верзијата е достапна на Хуавеј ап Галери, а за Рлеј стор се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Гуглe. Корисниците на на апликацијата МојДДВ ќе треба првин да направат ажурирање (update) на апликацијата (на apple Appstore/Huawei gallery), а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил“ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ наместо, „основен“ повторно да одберат „напреден“ – информираат од УЈП.
МојДДВ е мерка за граѓаните и средствата од таа мерка се враќаат кај граѓаните.
Од УЈП соопштуваат дека веќе ја почнале исплатата на средства за корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тромесечје, односно, во месеците април, мај, јуни 2022 година, и по тој основ на сметките ќе бидат исплатени 550 милиони денари, како поврат од МојДДВ.