Новости од БРИКС
Претседателката на Банката за развој на БРИКС (НДБ), поранешната бразилска претседателка Дилма Русеф, едногласно е реизбрана на истата функција, добивајќи нов мандат. Русеф ја извршуваше функцијата претседател на споменатата финансиска организација, Банката за развој на БРИКС (НДБ), од 2023 година.
– Точно, реизбрана сум. Членовите на НБР ја предложија мојата кандидатура, а одборот едногласно ја одобри оваа одлука – изјави поранешната бразилска претседателка Дилма Русеф за јавноста.
Русеф сподели со јавноста една исклучителна информација, а тоа е дека „земјите од БРИКС ќе продолжат да учествуваат во заемно корисни инвестициски проекти наместо да создаваат единствена валута на заедницата“.
Оваа информација, според финансиските експерти, ќе влијае благопријатно на актуелните затоплувања на односите меѓу земјите на БРИКС и САД, односно на заемните средби меѓу Русија и САД и за изнаоѓање меѓусебно прифатливо решение за прекин на огнот и за мир во Украина. Е.Р.