Енергетската кординација во пресрет на следната грејна сезона беше една од темите на вчерашниот онлајн состанок на Отворен Балкан, на кој присуствуваше и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Договорено е во средината на месецот во Тирана да се одржи состанок на претставници на енергетскиот сектор од Македонија, Србија и Албанија, за заедничка платформа за кризната состојба во регионот и обезбедување на доволни количини на енергија за зимскиот период.
Енергетската криза се разгледуваше на вчерашниот состанок на македонскиот премиер Димитар Ковачевски, албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, како една од главните точки на состанокот, покрај евроеинтеграциите, странските инвестиции и активностите за слободен проток на луѓе и стоки меѓу трите
земји, стои во соопштението на ЕСМ. М.М.