Фото: Маја Јаневска Илиева

Премиерот Христијан Мицкоски порачува дека растот на извозот во мај годинава е одлична вест за македонската економија и ќе значи повеќе пари за македонските граѓани.

– Расте македонскиот извоз! Одлична вест за македонската економија. Во месец мај, македонскиот извоз порасна за огромни 23,44 проценти во евра, во услови на стагнација на европскиот пазар, а посебно предизвиците со кои се соочува автомобилската индустрија. Бележиме и раст на македонскиот извоз во првите пет месеци од 2025 година, во периодот јануари-мај, македонскиот извоз порасна за 3,15 проценти во евра, споредено со увозот за истиот период кој порасна за 1 процент – наведува Мицкоски денеска во објава на Фејсбук.

Тој потенцира дека поголем извоз се повеќе пари за македонските граѓани. Посочува дека после месеци и години пад, има конечно раст за македонската економија.

– Расте туризмот, расте БДП, расте индустриското производство, растат инвестициите, расте извозот…, богата Македонија е силна Македонија! Оваа година ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија! – наведува Мицкоски.