• Намалете ја потрошувачката на енергија, одржувајте го опсегот при возење
• Ефикасност, како и удобност благодарение на технологијата за греење на внатрешноста
• Регенеративно сопирање осигурува да не се троши енергија

Како што дневните часови се скратуваат, температурата паѓа, а есента завршува и почнува зимата, важно е електричните возила со батерии да работат со максимална ефикасност. Со Opel Mokka-e, возачот и патниците не само што патуваат локално без емисии, туку можат да ја одржат потрошувачката на енергија на ниско ниво, а опсегот висок благодарение на различните системи и технологии за греење на внатрешноста.

Топлинската пумпа и апликацијата го олеснуваат загревањето на внатрешноста и поставувањето на температурата

Првите чекори кон максимална ефикасност се направени уште пред почетокот на патувањето. Возачите на Opel Mokka-e едноставно ја поставуваат температурата додека автомобилот е поврзан на надворешното напојување преку приклучок за домаќинство, ѕидниот полнач или брз полнач. На овој начин, потребната енергија за греење доаѓа од надворешното напојување и целосниот електричен опсег до 338 km (според WLTP ) е достапен уште од самиот почеток. Благодарение на стандардно вградената топлинска пумпа, генерираната топлина се користи за загревање на внатрешноста без да мора да се вклучи конвенционалното греење, што би го загрозило опсегот.

Покрај тоа, сопствениците на Opel Mokka-e можат да ја користат апликацијата myOpel за програмирање од далечина на греењето на внатрешноста од својот дом пред да тргнат. За неколку минути, кабината достигнува удобна температура од околу 21 целзиусови степени, а прозорците се без мраз.

Регенеративниот систем за сопирање генерира енергија

Покрај физичката топлина што ја обезбедува Opel Mokka-e, тука е и чувството за одговорно и ефикасно возење – особено при забавување и при спуштање на удолнина. Електричниот мотор станува генератор и ја претвора кинетичката енергија на забавување во електрична енергија. Ако возачот се префрли во режим на возење B, ефектите се зголемуваат.

Батеријата од 50 kWh се полни без никакви трошоци – и енергијата се заштедува за следната фаза од патувањето. Mokka-e нуди и три режими на возење: Eco, Normal и Sport – со избирање на режимот Eco, возачот може да му даде приоритет на опсегот пред перформансите.

Како дополнителна безбедносна придобивка, агилноста и држењето на патот се дополнително подобрени за тешки зимски услови благодарение на интеграцијата на батеријата во долниот дел од каросеријата, што го намалува центарот на гравитација.
Со овие технологии во внатрешноста, возачите и патниците на Opel Mokka-e можат удобно да тргнат на патувања во зима, со максимална ефикасност и локално без емисии. Кога е време за полнење, сите клиенти на Mokka-e имаат придобивки од стандардната можност за брзо полнење со еднонасочна струја од 100 kW: само 12 минути полнење на јавна станица за полнење од 100 kW додава 100 km опсег за возење.

Комерцијална објава