Компанијата Еуроимпекс, генерален увозник за брендот Opel за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, им нуди можност на своите потенцијални клиенти да го резервираат своето Opel возило навреме и да бидат спокојни при остварување на својата желба и потреба за нов Opel автомобил.

Посебно за оние клиенти кои сакаат први да бидат дел од Opel фамилијата и да ја почувствуваат моќта на Брендот „Blitz”.

„OPEL BLITZ ГАМА. РЕЗЕРВИРАЈ ГО СВОЕТО ВОЗИЛО СЕГА!“ е слоганот кој ја предводи кампањата на брендот, со цел да ги мотивираат своите клиенти за навремена резервација на своето Opel возило.

Понудата се однесува на патнички и комерцијални возила. Возила со внатрешно согорување, електрични возила и plug-in хибридни модели.

Комерцијалната гама е исто така достапна за нарачка и во 100% електрична верзија. За повеќе информации за цени, достапност и начин на порачување обратете се во салонот на Opel и дилерската мрежа или посетете ја веб-страницата www.opel.com.mk.