Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,77 отсто во однос на одлуката од 14 ноември 2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,887%, кај дизелот за 2,869 отсто, кај екстра лесното за 2,857 отсто и кај мазутот намалувањето е за 2,291 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,485 отсто.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3 денари за литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,567 денари за килограмг и сега ќе изнесува 47,622 денари за килограм.
Од 17 ноември 2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС-95 – 91,5 денари за литар
Моторен бензин- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 94 денари за литар
Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 93 денари за литар
Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88 денари за литар
Мазут М-1 НС – 47,622 денари за килограм.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.