фото: МЖСПП

На маргините на климатскиот самит, COP27 министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба со помошникот државен секретар на САД за енергетски ресурси Џефри Пјат, директорката на американската EXIM банка Рета Џо Луис и министерот за енергетика на Романија Вирџил Даниел Попеску.

На средбата, како што информираат од МЖСПП, се разговарало за актуелните регионални енергетски прашања, за плановите за воспоставување регионален пристап и постигнување на поголема енергетска независност.

Во таа насока била нагласена потребата од паралелно поддржување и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија.

На средбата романскиот министерот Попеску информирал за проектот за малиот Модуларен нуклеарен реактор што се гради во Романија.

На состанокот, како што соопшти МЖСПП, се дискутирало и за интензивирање и проширување на соработката со УНОПС (во рамките на нивниот мандат) за решавањето на проблемите со индустриските жешки точки.

Министерот Нуредини се заблагодарил за досегашната соработка во спроведување на чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС и упати барање активностите да се прошират и на други подрачја од ризик за човековото здравје и животната средина, преку преглед и надополнување на постоечката докуентација и изработка на изведбени проекти.

– Заемно беше потврдено дека УНОПС може да помогне и во имплементацијата на други проекти од интерес на Министертството и државта преку користење на нивните единици за набавки и управување со проектен циклус – се наведува во соопштението од МЖСПП.