ДЗС: Македонија ја заврши 2023 година со годишна инфлација од 9,4 отсто
Трошоците на живот лани во споредба со 2022 година биле зголемени за 9,4 проценти, а цените на мало за 7 проценти, објави Државниот завод за статистика. Најмногу поскапеле храната, угостителските услуги, мебелот, покуќнината. Забележан е зголемен трошок кај воздухопловниот транспорт, туристичките аранжмани, облеката, фармацевтските производи.
За декември лани, споредено со декември 2022 година, инфлацијата е 3,6 отсто. И тука најмногу поскапеле прехранбените производи, зеленчукот, кондиторските производи. Во обид да ја заузди инфлацијата, државата ги замрзна цените на основните прехранбени производи и мерката ја продолжи до крајот на јануари. Некои цени останаа замрзнати на нивото од август, а некои како што биле во септември. Владата очекува инфлацијата годинава да се стабилизира, но меѓународните финансиски институции предупредуваат дека и годинава се можни ценовни шокови. Е.Р.