Ние мораме, не само да се отвориме и да ги направиме нашите производи поконкурентни на домашниот пазар, туку и на регионалниот пазар, истакна вицепремиерот Битиќи во однос на прашањето за Законот за декларациите, којшто, како што се тврди, ги става компаниите во дополнителен трошок.
– Сметам дека едно решение којшто го дава Законот за потрошувачи, може да ни биде добра лекција дека треба да влеземе во период на усогласување на решенијата а не само на меѓусебно консултирање како чинители – истакна вицепремиерот одговорен за економски прашања, Фатмир Битиќи, на денешната Конференција на Стопанската комора со наслов „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“.
Битиќи смета дека клучниот проблем е што не е направена преодна одредба со Законот за потрошувачи и дека немањето на преодна одредба со којшто ќе се дозволи да се потрошат сите количини коишто компаниите секако ги имаат на располагање додека не стигнат новите печатени количини, според него е проблематичен.