Мерењата на емисиите на цврстите честички на двете мерни точки во „Макстил“ покажуваат емисиски вредности до трипати пониски од дозволените. И во третиот квартал од годината, на мерната точка Оџак од пескара, каде што дозволената гранична вредност е 30 mg/Nm3, во јули, август и септември највисоката вредност била измерена во септември, 8,26 mg/Nm3, а најниската во јули и е 5,2 mg/Nm3. На втората мерна точка, Оџак на филтер-постројка, во истиот период дозволената гранична вредност е 20 mg/Nm3, каде што во истиот период највисоката измерена вредност била во јули и изнесува 3,99 mg/Nm3.
Дозволените гранични вредности со кои се споредуваат измерените емисии се пропишани од Министерството за животна средина и просторно планирање, кои се интегрирани во А-интегрираната еколошка дозвола, во согласност со пропишаната законска легислатива, и истовремено се во корелација со највисоките европски стандарди. Во континуитет, мерењата во „Макстил“ се многу пониски од дозволените гранични вредности.
Како општествено одговорна компанија, која прва започна со редовно објавување на резултатите од мерењата на двете мерни точки, „Макстил“ реализира обемни инвестиции во современи технолошки процеси за контролирање на производството. Резултат на овие инвестиции се ниските емисиски вредности.