Асоцијацијата за корпоративна безбедност на Македонија, од 1 јануари 2022 година го презеде едногодишното претседавање со Асоцијацијата на менаџери за корпоративна безбедност на ЈИ Европа (SEECSA).
SEECSA е основана во Загреб во декември 2018 година од страна на Хрватската асоцијација на менаџери за безбедност (HUMS), Српската асоцијација на менаџери за корпоративна безбедност (SAMKB), словенечката асоцијација на менаџери за корпоративна безбедност (SAMKS) и Асоцијацијата за корпоративна безбедност на Македонија (АКБСМ).
Претседател на SEECSA стана проф. д-р. Анатас Козарев, претседател на АКБСМ, додека проф. Драган Триван, претседател на Српската асоцијација на менаџери за корпоративна безбедност (САМКБ).
Здружението за корпоративна безбедност на Северна Македонија е посветено на воспоставување и функционирање на корпоративна безбедност во Македонија, вклучувајќи го и процесот на спроведување на владеењето на правото, почитувањето и заштитата на човековите права.