Фото: ТАВ Македонија

Со слетување на првиот авион на „Луфтханза“ на скопскиот аеродром, денеска ќе биде означен стартот на новата авиолинија Франкфурт – Скопје и влезот на германската авиокомпанија на македонскиот пазар.

На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт ќе го пречекаат министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем.

Новата авиолинија – од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ десетпати неделно ќе лета од Скопје до Франкфурт.

Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот.