Директорот за развој и инвестиции на АД ЕСМ, Благој Гајдарџиски, учествуваше на регионалната конференција за енергетика „Самит за енергетската иднина” што се одржа во Требиње.
На панелот „Патиштата и динамиката на транзиција на електростопанствата од регионот” директорот Гајдарџиски ги изложи проектите во обновливи извори на АД ЕСМ и планот за идни инвестиции кои се во правец на движење на државата кон зеленото сценарио во производството на електрична енергија, а кои имаат голема поддршка од европската Енергетска заедница.
Гајдарџиски ја пренесе оценката од ЕЗ дека Македонија е лидер во енергетската транзиција и во реформите во енергетиката, вклучувајќи законски решенија услогласени со регулативата на ЕУ, Стратегија за енергетика до 2040, активности кон зелено сценарио и проекти за реализација на сценариото за енергетска транзиција.
АД ЕСМ, рече директорот, ја менаџира енергетската и топлинската криза вo Македонија, а во исто време работи и на реализација на инвестициите во обновливи извори на енергија.