Францускиот автомобилски гигант „Рено“ (Renault) продаде 1.128.885 возила во првите девет месеци од оваа година, што е зголемување за 11 отсто во однос на истиот период во 2022 година.
Во Европа, францускиот производител е втор на листата за најпродавани возила во 2023 година, со раст на продажбата од дури 22 отсто, објави компанијата.
Во соопштението на компанијата се наведува дека во третиот квартал продале за 11 отсто повеќе возила од лани. Сепак, најмногу се гордеат со резултатот во Европа, каде што се продадени 726.938 возила.
Се наведува дека „C“ сегментот забележал раст на продажбата од 36 проценти во однос на минатата година, а првите ѕвезди се моделите „Austral“ и „Arkana/Megane Conquest“, со по околу 60.000 продадени примероци.
Кога станува збор за електричните возила, најпродаван бил „Megane E-Tech“ со повеќе од 35.000 примероци, а во Европа овој модел сочинува 2,2 отсто од пазарот за електрични возила.