Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ние денес живееме вo свет кој e во една од најтешките кризи за храна и енергија по втората светска војна. Десет месеци ја предводам коалицијата проевропска Влада во тежок период. Сето мое 22 годишно менаџерско искуство во приватниот сектор, сето мое знаење во делот на финансиите и економијата го вградив во планот за спас на македонската економија и антикризните мерки, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Кичево.

Антикризните мерки вордија со плод, потенцираше Ковачевски, цените на храната веќе се намалуваат.

– Антикризните мерки вродија со плод, цените на храната почнаа да се намалуваат, и до 10% ќе се намалат цените на основните производи. Имаме храна и енергија доволно во тешки услови за целиот свет. Нашиот енергетски и топлински капацитет е безбеден за оваа зима – рече вечерва на трибината на СДСМ во Кичево претседателот Димитар Ковачевски.