Пролетта носи уживање за многу луѓе кои со задоволство ги исполнуваат белите дробови со пријатниот мирис на расцутените дрвја, но ако сте едни од оние 40 проценти од луѓето кои страдаат од поленска треска, може да го поврзете ова време од годината со насолзени очи, растечен нос, кашлање, кивање и главоболки. Дури и со затворени прозорци, поленот го наоѓа својот пат во затворениот простор. Не е тешко малите честички на поленот да завршат во вашиот дом кога се невидливи за голото човечко око. Секогаш кога влегувате дома со истите обувки со кои пешачевте надвор или кога ја сушите облеката на отворено, вие го каните поленот на гости.
Добрата вест е дека има помош и дека Blueair, светскиот лидер во решенијата за прочистување на воздухот, ги наведува следниве решенија како да ја намалите присутноста на поленот во Вашиот дом.
1. Почесто чистење со правосмукалка
Чистењето со правосмукалка е една од најдобрите работи што можете да ги направите за да ги намалите честичките на полен во затворените простории. Но, осигурајте се дека вашата правосмукалка е опремена со добар филтер кој повторно не ги ослободува честичките на полен назад во воздухот.
2. Користете прочистувачи на воздух
Загадениот воздух од надвор се пробива во нашите домови за да се додаде концентрираната доза на загадувачи. Ова вклучува сè, од чад од цигари, миризливи свеќи и бои на нови теписи, освежувачи на воздух и отстранувачи на дамки. Овој непожелен коктел од токсини што лебди наоколу влијае на многу алергиски пациенти. Прочистувачите на воздухот остануваат најефикасен начин за отстранување на овие загадувачки материи во воздухот и им помага на поединците да дишат поздраво и да ги ублажат алергиските симптоми. Blueair Classic моделите, се препорачуваат од организации како што се Asthma Allergy Nordic, за сите луѓе со астма, алергии и проблеми со дишењето. Уредите користат HEPASilent ™ технологија и ги отстрануваат 99 отсто од сите загадувачи вклучувајќи и полен во просторијата во рок од 20 минути, за да можете добро да спиете, да се будите среќни и да останете фокусирани во текот на целиот ден, дури и ако имате поленска треска. Инсталирањето на прочистувач на воздух во канцеларијата, исто така, може да биде добра идеја за ублажување на симптомите во текот на денот.
3. Користете влажна крпа/четка за чистење на површини и подови
Поленот е во форма на ситни честички што летаат наоколу во воздухот, исто како и прашината, поголемиот дел од нив на крајот ќе слетаат на различните површини и подови. Затоа, наместо да користите прашко, внимавајте да ги исчистите масите и другите површини со влажна крпа.
4. Измијте ја косата откако сте биле надвор
Ние носиме многу полен во домот со нас. Измијте ја косата кога сте биле надвор за време полен сезоната. Исто така, може да биде добра идеја и еднаш облечената облека да се стави во машина за перење.
5. Користете прочистувач на воздух за во автомобил
Она што малкумина знаат е дека воздухот во автомобилот може да биде до 15 пати повеќе загаден отколку на патот надвор. Лошиот квалитет на воздухот во внатрешноста е предизвикан од комбинација на издувни гасови на возилото и другите возила на патиштата.
Еден добар прочистувач на воздух како што е Blueair Cabin Air ќе го отстрани поленот во автомобилот за 4-6 минути.