Граѓаните ќе плаќаат пониски цени за струја, уверува Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика. Тој рече дека намлена е и цената која се наплаќала за мрежарина, а која во изминатите месеци беше повисока и од цената на струјата.
– Донесените цени по блокови за период на висока дневна тарифа се следни: прв блок намалување од 7,04 %, втор блок намалување од 4,09 %, трет блок зголемување од 2,54 % и четврти блок зголемување од 2,42 %. РКЕ носи одлуки за цени и тарифи без ДДВ. Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26 %, а од декември, со почетокот на дневната евтина тарифа, ќе следува линеарно намалување од 5 % на сметките – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
За намалувањата, ЕСМ придонело со намалувањата во загуби.
– Во сметките ќе го немаме проблемот дека се плаќало повеќе за мрежарина, а помалку за енергија. Со сите мерки се стабилизира ситуацијата – посочи Бислимоски.
Зголемувањето на ДДВ-то за струјата на 18 % се обиделе да го амортизираат.
– ДДВ-то влијае над седум проценти“, додаде Бислимовски.