Фото: М.М.

АД ЕСМ даде исцрпен извештај пред јавноста за менаџирањето на кризата со електрична и топлинска енергија и за тоа како се распределија средствата од државниот буџет наменети за надминување на кризата.

АД ЕСМ обезбеди детални податоци за институциите, медиумите и пошироката јавност со цел да се даде увид во начинот на кој државата ја управуваше кризата во последните 7 месеци, кога почнаа првите покачувања на цените на енергенсите и нивата отежната испорака.

ЕСМ ги вложи сите свои капацитети на човечки ресурси, знаење, менаџирање и оптимизација на работата се со цел да ги исполни доделените обврски од Владата за надминување на енергетската криза во државата.
Покрај основната дејност и обврска согласно законот за оваа година за снабдување на ЕВН Хоум со електрична енергија во количина од 60 отсто од потребите на домаќинствата, ЕСМ беше задолжен да обезбеди и менаџира уште 6 други енергетски продукти на пазарот.

-100 проценти снабдување на ЕВН Хоум за домаќинствата и малите потрошувачи
-снабдување на електрична енергија за системските загуби во мрежа на ЕВН Електродистирбуција
-снабдување на електрична енергија за системските загуби во мрежа на МЕПСО
-активирање на ТЕЦ Неготино
-интегрирање на ТЕ-ТО во системот
-управување со БЕГ и Скопје Север поради топлинската криза.

АД ЕСМ прави реструктурирање во системот на работа на електраните и се подготвува за нови предизвици кои би произлегле од енергетската криза и од се уште турбулентите случувања во европскиот и светскиот енергетски сектор, како и навремено подготвување за потребите за следната грејна сезона.

АД ЕСМ и во иднина ќе продолжи на отчетен и транспарентен начин да ја информира не само Владата, туку и целокупната јавност за сите намени и распределби на средствата кои би се доделиле на ЕСМ за потреби на менаџирање на кризи со енергија и субвенционирање на граѓаните за енергетските потреби, се вели во соопштението на АД ЕСМ.
М.М.