Буџетот за 2020 година превидува зголемување на пензиите како резултат на зголемување на минималната и просечната плата.
– Пензионерите ќе добијат покачување од 850-900 денари. За жал минималната пензија е 8.940 денари, а просечната пензија 14.000 денари – рече премиерот Зоран Заев на денешната презентација на предлог-буџетот за 2020 година.
Премиерот Заев најави зголемување на платите медицинскиот персонал, а од први јануари и на просветните работници.