Германската авиокомпанија „Луфтханза“ откажа повеќе од 800 летови од германски аеродроми поради штрајк.
Како што вчера соопшти синдикатот, денеска ќе биде организиран штрајк на најголемиот германски аеродром во Франкфурт, како и на аеродромот во Минхен.
Ќе штрајкуваат и сервисните служби, градинките и вработените во локалната администрација.
Синдикатите бараат зголемување на платите за шест отсто или најмалку 200 евра за 2,3 милиони вработени во јавниот сектор.