Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука цените на бензините и дизелот да останат исти во согласност со одлуката од 17.8.2020 година, а намалување ќе има на малопродажната цена на мазутот М-1 НС за 0,323% и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,97%.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на „евродизел“ (Д-Е В) не се менуваат и со тоа малопродажната цена на „евросупер БС-95“ изнесува 59,5 денари/литар, малопродажната цена на „евросупер БС-98“ изнесува 61,5 денар/литар и малопродажната цена на „евродизел“ (Д-Е В) изнесува 52 денара/литар.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,5 денари/литат и со тоа малопродажната цена изнесува 51,5 денар/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,085 денари/килограм и со тоа малопродажната цена изнесува 26,28 денари/килограм.