По објавувањето на информацијата во медиумите во врска со вооружениот грабеж на филијала на „Халкбанк“ во Визбегово, банката ги смирува штедачите дека нивните влогови се безбедни.
-Во врска со денешниот грабеж во нашата филијала на улица „Јадранска магистрала“ во Визбегово, „Халкбанк АД Скопје“ ја известува јавноста дека нема повредени и дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот – се вели во соопштението од Дирекцијата за односи со јавноста на „Халкбанк“.
„Халкбанк“ воедно ги известува сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката.